Ја убил сопругата пред детето! Нови детали за злосторството во Сараево: Откриен мотивот за хоророт (фото/видео)

Анел Б, кој е осомничен за убиство на неговата невенчана сопруга Емира М, беше сослушан во Обвинителството на кантонот Сараево.

– Не бегаше од одговорност. Рече дека имале проблеми со гледањето на детето, дека сакал да се смири со Емира, но дека таа не сакала. Видел и некои пораки кои уште повеќе го налутиле – изјавил за Н1 за неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ.

Анел Б, според неговиот адвокат, по злосторството го зел детето и отишол во неговиот стан во Сараево. Мехмедбашиќ наведува дека Анел Б. на обвинителот му рекол дека жали што не се самоубил бидејќи го спречиле полицајците.

Емира Маслан, Анел Беќировиќ

Адвокатот кусо одговори на прашањето каде било детето во моментот на убиството.

-Детето спиело – рекол Мехмедбашиќ.

Обвинителството денеска не даде никакви соопштенија.

Анел Б, да потсетиме, во понеделникот во станот во кој живеела со нивното четиригодишно дете ја убил својата поранешна партнерка Емира М. , а потоа со момчето отишол во неговиот стан во Храсно. Телото било откриено откако Емира не се појавила на работа и не се јавувала на телефон.

Полицијата го идентификувала осомничениот по што испратила специјална единица на неговата адреса. По неколкучасовни преговори, на полицијата Анел Б. и’ се предал која го спасила и детето.