ЈА УНИШТИ КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО КАН СО ЦЕЛОСНО СЕДА КОСА НА 66 ГОДИНИ: Сите ѝ велеа дека лошо изгледа, но таа докажа дека има став и харизма за медал

Канскиот фестивал официјално заврши синоќа со церемонијата на затворање, а парадата на познатите дами на црвениот тепих ја водеше холивудската актерка Енди Мекдауел. Во претходните 12 дена низ Кроазета прошетаа огромен број познати убавици во интересни, луксузни или скандалозни креации, но верувале или не, Енди беше единствената седокоса дама во текот на целиот настан.

Канскиот фестивал уште еднаш покажа дека е достоен европски пандан на Оскарите и дека интересот за овој фестивал не стивнува, а за тоа многу придонесува естетскиот и модниот дел на фестивалот.

Високата мода и беспрекорната елеганција се императив во Кан, иако редовно гледаме дами кои не се двоумат да му пркосат на тоа правило. Енди Мекдауел , сепак, не беше една од нив, но донесе посебен печат на црвениот тепих.

Прославената актерка синоќа блесна во луксузен виолетово-син фустан од многу квалитетна, убава, лелеава ткаенина. Фустанот има многу интересен детал во пределот на рамената, односно едниот ракав се спојува со остатокот од креацијата, правејќи го поинаков и поефективен.

Енди реши да биде многу едноставна кога се во прашање деталите, па воопшто не носеше никаков накит, оставајќи ја оваа неверојатна боја на фустанот да ја направи сета разлика.

Став кој зборува погласно од кој било накит

Актерката ја повлече својата бујна, седа коса во елегантна, свечена пунџа, па не го привлече вниманието како претходната вечер, кога Енди се појави на премиерата на „La Plus Précieuse des marchandises“.