ЈА ФРЛИЛ ЈАДИЦАТА ВО ВОДА, ИЗВАДИЛ ЧОВЕЧКА НОГА! Страшно откритие во близина на Виена, една недела ВАДАТ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛО

Рибар кој на 13 јануари годинава ловел риба во каналот Марчфелд во близина на Виена извадил делови од телото на маж од водата.

Во последната недела, од првото грозоморно откритие, извадени се повеќе делови од телото на непознато лице.

Според полициското соопштение, рибарот сакал да лови риби, ја фрлил мамката, но на јадицата извадил човечка нога .

Подоцна биле пронајдени повеќе делови од телото. Според полицијата се упатува на убиство.

По откритието, полициските нуркачи го пребарале каналот и пронашле повеќе делови од телото, две нозе и една глава .

Според обдукцијата, мажот бил убиен од удар со тап предмет , а деловите од телото подолго време биле во вода.

Полицијата во моментов се уште го утврдува точниот идентитет на жртвата.

Местото на злосторството е скриено помеѓу магацини, автосалони и деловни простории и е далеку од населени места.

Според австриските медиуми, оваа област е позната по улична проституција.