Јелена Карлеуша леташе од Бања Лука до Будва со авион на Владата на Република Српска: Кој го платил тој луксуз?
Српската пејачка Јелена Карлеуша синоќа полета од Бања Лука за Будва со авион во сопственост на Владата на Република Српска.
Имено, таа вчера со почеток во 19 часот настапи на плоштадот во Челинац, по што се упати во Будва за да одржи уште еден настап.
На Инстаграм таа сподели видео од нејзиното влегување во авион „цесна“ со регистарски број E7-SBA во сопственост на РС по концертот во Челинац.
“Благодарам на сите во Бања Лука и општина Челинац. Каков добредојде, каква организација, какви прекрасни луѓе! Јас останав без зборови! Вака се дочекува, сака и почитува гостин! А сега на аеродром, па до Црна Гора, дали си подготвена?“, напиша таа на Инстаграм.
Организаторите претходно најавија дека по повод Денот на општина Челинац Цеца ќе настапи на 27 јули. Но, во последен момент изјавија дека дошло до промена на програмата и дека Јелена пее наместо Цеца.
Цеца изјави дека нејзиниот менаџмент никогаш не го потврдил овој настап и дека нејзиното име било злоупотребено. Покрај Јелена, синоќа во Челинац настапија и Миле Китиќ, Маја Маријана, Славен Ѓукановиќ и други.