Јелена Розга се огласи откако бројни регионални медиуми објавија дека наскоро планира да се венча со Иван Хуљиќ, синот на Тончи Хуљиќ.
„Заљубена сум и среќна, тоа е вистина, но да се омажам, нема. Полека, полека, има време. Особено не планирам две свадби како што велат“, изјави таа за Story.hr
На прашањето дали и’ пречат ваквите озборувања, таа одговори:
„Сега веќе ништо не ме мачи и не ме вознемирува. Порано гуглав, но престанав бидејќи сфатив дека не ми треба затоа што се нервирам само кога така ќе излезат лаги и невистини. Сега веќе ништо не ме засега.”
За потсетување, хрватските медиуми неодамна објавија дека таа ја обновила врската со Хуљиќ, а после тоа беа објавени заеднички фотографии од Будимпешта на кои се држат за рака.
Хрватската пејачка одржа дури седум концерти во Сава центарот во Белград. Таа на новинарите, меѓу другото, им кажа дека во публиката е и нејзиното момче, но тогаш не сакаше да го открие неговото име.