ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ ОД НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ТУРНЕЈА НИЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН – Ген-секот. на НАТО во вторник во посета на Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од 19. до 22. ноември 2023 година ќе ги посети земјите од Западен Балкан односно Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

Генералниот секретар на НАТО во недела, на 19. ноември, ќе отпатува за Босна и Херцеговина, каде, според најавата, ќе има работна вечера со членовите на Претседателството.

Јенс Столтенберг ќе престојува во Македонија во вторник на 21. ноември, каде во Скопје ќе оставри средби со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери и ќе одржи говор во парламентот пред пратениците.

Подоцна истиот ден, Јенс Столтенберг ќе отпатува за Србија. Тој ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана БрнабиќЈенс Столтенберг ќе соработува и со српски научници кои ќе ја презентираат технологијата развиена во контекст на проектите на НАТО.