(ВИДЕО) Експерт за говор на телото го анализираше интервјуто на Путин: Знаете ли што се случи кога почна да зборува за хиперсонични ракети!?

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со американскиот новинар Такер Карлсон, што е негово прво интервју за западен медиум откако Русија започна инвазија на Украина.

Интервјуто на Путин, во кое тој рече дека Русија не сака никакво проширување на војната која моментално е во украинските граници, беше проследено низ целиот свет, а сега го анализираат водечките светски медиуми.

Експертот за говор на телото Џуди Џејмс за американското издание на Дејли експрес изјави дека Путин постојано го нагласувал својот авторитет за време на интервјуто.

– Во неколку ситуации за време на разговорот Путин ги подигна двата показалци, што е акцент на авторитетот и моќта –  рекол Џејмс, пренесува Вечерњи лист.

Џејмс исто така забележал дека држењето на Путин се променило за време на разговорот, од изразување на задоволство во сериозност како што интервјуто се приближувало кон крајот. Таа особено го истакнала неговиот гест кога тој гордо зборувал за хиперсоничните системи и руските технолошки достигнувања.

– Имаше моменти во кои Путин уживаше, тоа можеме да го видиме од позицијата на неговото торзо. Тој се прошири и „надува“ додека зборуваше за руските хиперсонични ракети „кои се помоќни од сите други“ – тврди Џејмс.

Дополнително, Џејмс го спореди говорот на телото на Путин со реакцијата на Такер Карлсон. Карлсон на почетокот изгледаше опуштено, но постепено стана сериозен додека Путин ја продолжи својата презентација. Рано, забележува Џејмс, Путин го постави тонот на разговорот, прашувајќи го Карлсон дали сакаат сериозно да разговараат или дали сакаат „шоу“. Ова ја постави основата за рестриктивниот тон на разговорот што следеше.