Јетон Шаќири го поздрави надминувањето на застојот во работата на собраниската комисија за образование

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е задоволен што по две години пауза, поради политички превирања, продолжи со работа собраниската матична комисија, информира Министерство за образование и наука. 

Драго ми е што членовите на ова важно тело од кое зависи носењето законски решенија, мерки и проекти од интерес на граѓаните и државата, ги надминаа недоразбирањата и со заедничка, добра волја, ги интензивираат активностите за исполнување на агендата која ќе значи поквалитетно образование и повеќе права и можности за учениците, студентите, наставниците, стручните соработници, професорите, научно-истражувачкиот кадар и други категории“, истакна Јетон Шаќири.

Како што наведува МОН, министерот најави дека на седници на комисијата ќе следуваат дискусии за  изменување на повеќе постојни законски решенија – за основно образование, за отворени граѓански универзитети, просветна инспекција, Спортска академија и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.