Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, денеска изјави дека Израел ќе ги интензивира своите операции околу градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа.
„Операциите во регионот Кан Јунис ќе се интензивираат и ќе продолжат се додека не го најдеме раководството на Хамас и додека не бидат ослободени израелските заложници“, порача Јоав Галант на средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, пренесува Time of Israel.
Тој додаде дека зголемениот притисок врз Ирак е од клучно значење и дека може да спречи ескалација на конфликтот и ширење на остатокот од Блискиот Исток. Според него, приоритет на Израел е да овозможи враќање на своите жители на северот на земјата, каде што продолжуваат борбите меѓу израелската Армија и либанската милитантна група Хезболах.