Јована Јеремиќ се соблече во вилата која ја доби од Драган: Го покажа своето тело во минијатурно бикини, па испрати јасна порака (фото)
Водителката Јована Јеремиќ многу се грижи за својот физички изглед, кој неодамна го доведе до совршенство со помош на храна и тренинзи.
Јована повеќе пати потенцираше дека тренира, а често објавува и видео од теретана. Неодамна проговори и за килограмите, па истакна дека ја достигнала посакуваната тежина.
Сега таа се соблече и ја покажа својата извајана фигура во бикини покрај базенот во својата вила.
Јована позираше додека седеше на фотелја, а кадарот одоздола едноставно заинтригира многумина… Таа со краток опис објасни што е природно кај неа.
– Една по полноќ. Така, спонтано. Ова е само почетокот. Совршено тело. Сериозен експеримент сум за сите млади да им докажам дека природна убавина е тоа што е сек*и. Сè ми е природно – напишала таа.
Во коментарите подолу доби грст комплименти: „Топ“, „Бомба“, „Џебна бомба“, „Ти си супер“…
Инаку, Јована неодамна се вселила во луксузна куќа на Грочка, која ќе се вика „Вила Јована“ , а ја добила на подарок од нејзиното момче, бизнисменот Драган Станковиќ.