Јованка Тренчевска: “Унапредувањето на заштитата на ранливата категорија на граѓани е наша должност“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска имаше средба со меѓународните консултанти Џон Имс (судија од Велика Британија) и Виктор Захариа (претседател на Одборот за правна помош во Молдавија) и претставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
На состанокот пред министерката беше презентиран предлогот за воспоставување на – Единствено тело за управување со системот на бесплатна правна помош во Република Северна Македонија, соопшти МТСП.
На состанокот беше разговарано за важноста од зајакнување на системот за бесплатна правна помош. Од страна на присутните беше истакнато дека со поефикасен систем за БПП директно ќе се повлијае на подобрувањето на одговорот на потребите на жртвите на семејно насилство и родово базирано насилство.
Министерката на состанокот истакна дека за неа секогаш приоритет ќе остане заштитата на ранливите категории на граѓани и нивната добросостојба, стоив во соопштението од МТСП.