Јокиќ му објасни на судијата како се игра кошарка: Реакцијата на гордиот тренер на Денвер е посебна приказна (видео)
Денвер Нагетс ја продолжија одличната победничка серија, освојувајќи ја петтата во низа во драматична пресметка со Далас со 122-120. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше централен актер на натпреварот и поради неговата исклучителна игра и поради разговорот со судијата.
Српскиот претставник се истакна со 37 поени, 18 скока и 15 асистенции, заедно со три украдени топки. Иако завршницата беше многу неизвесна, Јокиќ со извонредниот настап му помогна на Денвер да ја зачува предноста и да оствари нова важна победа.
Она што е сигурно е дека Јокиќ покажува дека е клучен играч и лидер на тимот на тренерот Мајк Мелоун, како и еден од најдобрите кошаркари во лигата. Неговата уникатна личност и карактер доаѓаат до израз во ситуации како онаа кога по една од спорните одлуки на судиите го извади штитникот за уста, му пријде на судијата и му го објасни моментот во кој погрешил.
Интересно е тоа што кон судијата се приближи и тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, но тој набрзо сфати дека покрај Никола нема потреба да се меша. Така мирно застана на страна и гордо со насмевка ја следеше реакцијата на најдобриот кошаркар на денешницата.
Погледнете како сето тоа изгледаше на лице место: