Јокиќ повторно најдобар: Погледнете ја оваа неверојатна асистенција

Ноќта меѓу петокот и саботата, кошаркарите на Денвер славеа против Мемфис на гостувањето во НБА лигата. Резултатот беше 108:104 за Нагетс.

Српскиот центар Никола Јокиќ повторно беше најдобар на теренот. Неговиот настап вклучува и маестрална асистенција за забивањето на Арон Гордон.

Еврохупс потсети и на сличен потег на Џејмс Нанали, актуелниот играч на Партизан. Пред неколку години, играјќи за Фенер, Нанели му сервира одлична топка на Јан Весели против Макаби.

Денвер ќе биде домаќин на Оклахома во недела од 20:30 часот по средноевропско време.