– Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски ги одбра 12 играчи за дуелите во Левице со Словачка и во Осло против Норвешка
– Вториот и последен тренинг во СРЦ „Кале“ во Скопје, го одреди и конечниот список на 12 кошаркарки кои утре изутрина, од 10.часот тргнуваат на пат за Словачка, поточно за Левице, каде Македонија против Словачка ќе го игра натпреварот од 5. коло од претквалификациите за Евробаскетот 2025. Селекторот Јончевски се определи за скоро истиот состав кој ги одигра последните два натпревари, оние против селекциите на Данска и на Норвешка кои беа дел од ноемврискиот „прозорец“ нa ФИБA, одиграни во Гевгелија, информираат од кошаркарската федерација.
За решавачките средби од „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025 Јончевски смета на следните кошаркари:
Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Страхил Николов (ТФТ Mozzart).
Средбата со Словачка е закажана за 23 февруари, три дена подоцна е натпреварот со Норвешка.