Јорданова: Вообичаено државите кандидати ги влечат напред соседите, нас тие не блокираат

Експертот за ЕУ, Малинка Р. Јорданова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни зошто трае толку македонскиот евроинтеграциски процес.

Според неа, вообичаено е државите кандидати да ги влечат напред соседите, но сепак во нашиот случај се случило обратното.

„Нашите соседи да не блокираат на патот, тие едноставно не се надминаа себеси туку ги поставија некои работи кои што ги сметаат како нивен национален интерес за предоминантни во однос на нашето престапување во ЕУ. Кај Грција прашањето за името, кај Бугарија тоа се рашири со целосно на идентитетот“, вели Јорданова.