Автобусите на ЈСП „Скопје“ сообраќаат редовно и без постојки на линиите. Рано утрово излегоа од магацините“, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие..
„Градот Скопје и ЈСП уште еднаш докажаа дека нема да дозволат политичките интриги да го блокираат нормалното функционирање на главниот град. Уште еднаш се покажа кој работи против интересите на граѓаните, но и против интересите на вработените во ЈСП, обидувајќи се непотребно да создаде хајка и тензија за да ги остави граѓаните без автобуски превоз“, се вели во соопштението од ЈСП“.
Благодарение на субвенциите од Град Скопје, како што се вели, ЈСП веќе нема финансиски проблеми, нема никакви пречки во работата, а платите и обврските на компанијата се исплаќаат навреме и во законскиот рок.
„Град Скопје уште еднаш покажа дека нема да дозволи никој да ја блокира работата на јавните претпријатија и да им наштети на интересите на граѓаните. Уште еднаш стана јасно кој работи против интересите на граѓаните, а кој е во нивни интерес, јасно е дека одредени структури во градот сакаат да се пресметаат политички со градската администрација и вработените во ЈСП, на штета на граѓаните“ , се наведува во соопштението .