Познатиот италијански клуб Јувентус е исфрлен од европските натпреварувања за следната сезона.
Имено, УЕФА донесе одлука следната сезона да го исфрли Јувентус од натпреварувањето на меѓународната сцена, што автоматски значи дека „старата дама“ ќе биде исфрлена од Конференциската лига.
Претходните денови веќе се навестуваше за можни санкции поради нарушување на финансискиот фер-плеј, а овие шпекулации денеска и официјално беа потврдени.
Според тие информации, УЕФА и Јувентус постигнале договор – клубот од Торино предложил доброволно да се откаже од учеството во Конференциската лига следната сезона за да се избегнат можни проблеми со европските натпреварувања во сезоната 2024/25, под услов да избори место на табелата.
Покрај суспензијата, Јувентус доби и парична казна – 20 милиони евра, од кои 10 милиони се условни.
Фиорентина, која минатата сезона го зазеде осмото место во Серија А, наместо Јувентус ќе се натпреварува во третото по ранг европско натпреварување.