Југословенскиот актер добил син на 92 години: Сите велеа дека детето не е негово, а 56 години помладата жена гласно го бранеше нивниот брак! (фото)

Голем број познати мажи добија наследници по педесеттата година, но рекордер секако останува југословенскиот актер Ѕвонимир Рогоз, кој на 92 години го доби синот Рафаел.

Додека бил жив, во хрватската чаршија се зборувало дека тој всушност не е биолошки татко на детето што го родила неговата сопруга Агата, која била 56 години помлада од него. Од друга страна, таа упорно тврдела дека тие озборувања ги шират љубоморни поранешни љубовници на актерот кој беше познат како еден од најголемите заводници.

Инаку, Ѕвонимир Рогоз е роден во Загреб во семејство на адвокати. Како дете ги загубил родителите и пораснал со кумот кој го пратил на бизнис школа во Виена, но глумата била неговата вистинска љубов. Последната улога ја имаше кога наполни 100 години.

Инаку, Ѕвонимир беше голем заводник, но се ожени само два пати. Неговата втора сопруга Агата Рогоз била 56 години помлада од него и му родила дете на 92-годишна возраст. Неговиот познат одговор на прашањето како им се случи тоа е „Не обрнувавме внимание“!

ЅВонимир почина во родното место во Загреб на 6 февруари 1988 година на 101-годишна возраст. Актерот се школувал во Виена и Загреб. Настапуваше во Осиек, Вараждин и Љубљана. Се прославил со улогата во Хамлет, а бил ангажиран во Прага, каде што стекнал меѓународна репутација.

Во Прага глумел и во филмови, снимајќи 20-тина филмови, ја објавил книгата „Моите први сто години“, а за него е снимен и филмот „Здрав Рогоз во здраво тело“.