Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд.
Рагбистите на Јужна Африка во синоќешното второ полуфинале ја совладаа Англија со 16-15 и го забележаа четвртиот триумф во нивниот четврти меѓусебен дуел во нокаут фазата на мундијалските турнири.
Јужна Африка четврти пат во историјата ќе игра во мундијалско финале и ќе се обиде да го продолжи максималниот ефект, откако ја освојуваше светската титула во 1995, 2003 и 2019 година.
Во првото полуфинале во петокот, Нов Зеланд убедливо ја совлада Аргентина со 44-6 и идниот викенд ќе се бори за својата четврта светска титула, триумфирајќи претходно во финалињата во 1987, 2011 и 2015 година.