Јужнокорејскиот Парламент му го укина имунитетот на лидерот на опозицијата

Парламентот на Јужна Кореја денеска го отвори патот за апсење на опозицискиот лидер и поранешен претседателски кандидат Ли Јае Мјунг, пренесе ДПА.

Националното собрание во Сеул со мнозинство, гласаа и некои пратеници на опозицијата, изгласа да му се укине имунитетот на 58-годишниот опозициски лидер кој би го заштитил од кривична постапка за време на тековната сесија на законодавниот дом.

Обвинителите побараа налог за апсење на политичарот од левиот центар под обвинение за корупција и други дела.

Се тврди дека тој, исто така, бил вмешан во нелегални трансфери на пари од јужнокорејска компанија во соседна Северна Кореја за време на неговиот мандат како гувернер на провинцијата Ѓеонгги помеѓу од 2018 до 2021 година.

Ли не гласаше затоа што е хоспитализиран поради последици од штрајк со глад.

Шефот на Демократската партија (Минџу) одбива да јаде од крајот на август во знак на протест против политиката на десничарската конзервативна влада на претседателот Јун Сук Јеол, која ја обвинува за лошо управување и погрешна надворешна политика.

Тој беше тесно поразен од Јун на претседателските избори во март минатата година. Засега не е познато кога Ли ќе биде изведен пред судија.