Јутјуберот намерно си ги уништи забите! Јанко објави грозоморно видео, мрежите пламнаа од коментари!

Српскиот Јутјубер Стефан Јанковиќ Јанко ги шокираше обожавателите кога си ги уништи забите за да стави нови, односно вештачки.

Стефан, кој очигледно не бил задоволен од изгледот на своите природни заби, решил да ги стави таканаречените коронки и на тој начин да добие побела, „холивудска“ насмевка.

Забите на Јанковиќ сега се „под конец“, а многумина се прашуваа дали 20-годишникот има здравствени проблеми или едноставно сака да ги исполни стандардите за убавина и да изгледа подобро, како на камера, така и во живо.