ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК – “Во една ноќ ми го даде она што Кевин никогаш не го направи“: Девојката на Де Брујн јавно проговори за аферата со Тибо Куртоа и ‘слаткото изневерување’
Кевин Де Брујн и Тибо Куртоа беа во главните улоги на натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити постигна спектакуларен гол против својот сонародник во полуфиналето, лансирајќи „ракета“ за 1:1 на „Бернабеу“. На светските медиуми не им требаше многу време по натпреварот да се присетат на односот меѓу двајцата спортисти, инаку репрезентативни колеги, кој сега е очигледно чисто професионален поради настан од минатото…
Имено, пријателството меѓу белгиските фудбалски ѕвезди било прекинато кога споменатото дуо се нашло во „љубовен коктел“ откако сегашниот голман на Реал Мадрид спиел со тогашната девојка на играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Актерката на една од најголемите афери во модерниот фудбал, Каролин Лијнен, денес е далеку од очите на јавноста…
Медиумите потсетуваат дека во 2013 година тие двајца беа членови на Челзи, но никогаш во исто време не го носеа дресот на „сините“. Кевин Де Брујн беше позајмен во германски Вердер, додека Тибо Куртоа бранеше за Атлетико Мадрид. Според белгискиот магазин Story, тогашната девојка на Кевин Де Брујн, Каролин Лијнен, имала сексуална афера со Тибо Куртоа.
Де Брујн во целата афера наводно прво ја изневерувал Керолин со нејзината најдобра пријателка, а кога дознала веднаш решила да се одмазди, па спиела со Куртоа. Додека Вердер се подготвуваше во Турција во јануари, Лијнен замина на патување во Мадрид.
„Тибо ми го даде за една ноќ она што Кевин не го направи за три години. Имавме прекрасен разговор и тој ми направи вкусен оброк. Кевин никогаш не го направил тоа за мене“, изјавила еднаш Лијнен за белгиските медиуми.
Лијнен открила дека никогаш не му кажала ниту еден збор на Тибо после таа вечер, и слободно може да се каже дека сите три „врски“ тргнале по својот пат.
„Иако сè уште не верувам што направи Куртоа, ние продолжуваме да работиме заедно професионално“, изјавил Де Брујн во својата биографија објавена во октомври 2014 година.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити сега е во среќен брак со Микеле Лакроа со која има три деца.
Од друга страна, Куртоа имаше турбулентен љубовен живот. Тој ја остави својата поранешна девојка Марта Домингез во 2017 година кога таа беше бремена со нивното второ дете, а сега се вери со израелскиот модел Мишел Герзиг.