Љубов во ера на царини: По жестоки закани Европската унија ја донесе оваа одлука – Трамп трие раце!

Европската унија најави дека ќе го паузира воведувањето контрамерки против САД на 90 дена , за да им даде шанса на преговорите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ сака да избегне понатамошна ескалација и да отвори простор за дискусија.

„Додека го финализираме усвојувањето на контрамерките кои добија силна поддршка од земјите-членки, решивме да ги ставиме во мирување на 90 дена“, рече фон дер Лајен, додавајќи: „Ако преговорите не бидат задоволителни, нашите контрамерки ќе стапат на сила“.

Таа додаде дека се уште трае подготвителната работа за дополнителни мерки против САД.

Да потсетиме, Трамп на „Денот на ослободувањето“ воведе царина од 20 проценти на увозот од Европската унија. Како одговор, ЕУ подготви контратарифи од 25 проценти за широк спектар на американски производи, вклучувајќи: бадеми, сок од портокал, живина, соја, челик и алуминиум, тутун, како и луксузни јахти. Вчера Трамп ги суспендираше тие царини на 90 дена.