Ќерката која го уби својот татко Албанец затоа што сакаше на сила да ја омажи, заврши во болница: Дали ѝ помогнаа браќата?
Младата Албанка е пренесена во болница
Хигерта Мета (19), која е осомничена дека со помош на браќата го убила својот татко Албанец затоа што сакал да ја натера на брак, завршила во затворска болница.
Таа била хоспитализирана откако и се влошила состојбата, но не е прецизирано од што точно боледува. Наводно, лекарите донеле одлука таа да оди на психијатриска опсервација, за да утврдат дали има некаква ментална болест.
Мета, која е осомничена дека во февруари го убила татко си со двајца браќа, а потоа го закопала во штала, неколку пати го менувала сведочењето. Таа прво го признала делото, а потоа негирала дека му наштетила на нејзиниот татко.
“Го убив затоа што сакаше да се венчам. Немав излез, па зедов пиштол и го застрелав. Се направив сама”, наводно рекла ќерката пред неколку месеци.
И таа и нејзините браќа се во притвор со месеци.
Медиумите потсетуваат дека Пелумб Мета (49) е убиен на 10 февруари, а за убиството се осомничени Хигерта и нејзините браќа Хисен и Амарилдо. Неговото тело беше пронајдено на 23 февруари, откако Хисен го пријави неговиот татко за исчезнат.