Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит драстично го промени имиџот, се откажа од женствената фаза и повторно сака да биде машко!? (ФОТО)
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло драстично го промени својот изглед, а во новото издание се снимаше на улиците на Лос Анџелес.
Таа ја промени долгата коса во потполно кратка фризура и ги изненади сите со оваа промена, особено откако се појави во женствени публикации во последните неколку години.
Убавата Шајло на црвениот тепих носеше фустани и други женствени модни комбинации, а сега му се врати на момчешкиот стил на облекување.
Имено, Шајло долги години сакала да биде момче, што Анџелина го потврдила во 2010 година за магазинот Variety, а открила и дека нејзината ќерка го доведува во прашање полот уште од својата тригодишна возраст.
„Ја шишаме косата, и купуваме облека за момчиња и таа се чувствува како еден од браќата“, изјави тогаш Анџелина.
На 14-годишна возраст, Шајло стана тинејџерска ЛГБТК , а исто така беше објавено дека зема хормони за да го промени полот, но тоа никогаш не беше потврдено.
Во 2006 година, Шајло беше најочекуваното дете во Холивуд како прво биолошко дете на Анџелина и Бред, кои некогаш го добија прекарот Бранџелина.
Поранешните сопружници ги имаат и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен, кои исто така ги родила Анџелина, и синовите Медокс, Пакс и ќерката Захара, која ги посвоиле.