Ќерката на Бил Гејтс откри како реагирал кога ги запознал нејзините момчиња: Тој се чувствуваше многу непријатно

Најмладата ќерка на Бил Гејтс, Фиби Гејтс неодамна откри интересни детали за своето семејство во подкастот „Call Her Daddy“, а особено за реакциите на нејзиниот татко кога ги запознава нејзините момчиња.

Во таа прилика, таа јавно за првпат откри дека нејзиниот татко имал Аспергеров синдром.

„Тој е доста социјално незгоден бидејќи има Аспергеров синдром“, тврди таа.

Фиби истакна дека мисли дека реакциите на нејзиниот татко кон потенцијалните партнери можат да бидат добар показател за карактерот.

„Сега ми е полесно бидејќи е смешно кога ќе го запознаеш некого со татко ти и во зависност од тоа како реагира, така знаеш дали е добар за тебе или не“, рече таа.

Инаку, луѓето со Аспергеров синдром имаат најмногу проблеми со социјалната интеракција во различни форми. Поединците со Аспергеров синдром често имаат одлична меморија и способност за запомнување на информации.

Оваа година, Фиби го лансираше и својот подкаст „The Burnouts“ со нејзината пријателка Софија Киани, каде што често зборува за предизвиците на растењето во сенка на познати родители.

Во една од епизодите, таа призна дека во текот на првите години на колеџ се чувствувала несигурно поради својата привилегирана позиција.

„Влегов и си реков: „Толку сум привилегирана, јас сум непо бебе“, имав толку многу несигурности околу тоа“, тврди таа.