Ќерката на Здравко Чолиќ раскина со богатото момче

Лара беше во врска со наследникот на најголемиот синџир на теретани на Балканот

Лара Чолиќ, помладата ќерка на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, неодамна се најде во центарот на вниманието поради раскинувањето со своето момче Андрија, син на сопственикот на најголемиот синџир на теретани на Балканот.

Двојката не ја криеше својата љубов – нивните заеднички фотографии и романтични моменти редовно се појавуваа на социјалните мрежи, а поддршка добиваа и од своите семејства.

Сепак, по неколку месеци врска, Лара и Андрија одлучиле да тргнат по различни патишта. Како што пренесуваат српските медиуми, раскинувањето поминало без драма, а двајцата се согласиле дека е време да се фокусираат на личниот развој.

Лара сега ужива во дружењето со пријателите, додека Андрија се посветил на семејниот бизнис.

Да потсетиме, нивната врска стана тема на медиумите кон крајот на минатата година, кога заедно присуствуваа на концерт на позната поп-ѕвезда, не криејќи ги своите емоции пред публиката.

Извор близок до семејството изјавил дека Здравко Чолиќ и неговата сопруга Александра биле задоволни од изборот на нивната ќерка и ја поддржувале врската. Сепак, и покрај поддршката, љубовната приказна на Лара и Андрија заврши.