ЌЕРКАТА НА КИМ ЏОНГ УН НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ И НЕГОВА НАСЛЕДНИЧКА ? “Почитуваната“ прво се појави на лансирање на моќна ракета, а оттогаш постојано е со татко и на воени настани
Кандидатот за директор на јужнокорејската разузнавачка агенција Чо Тае Јонг денес изјави дека како негов најверојатен наследник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, ја гледа неговата ќерка Ким Џу Ае.
Ким Џу Ае, за која се верува дека е родена во 2013 година, се најде во центарот на вниманието откако нејзиниот татко ја донесе на локацијата за лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-17“ на 18. ноември 2022 година, за време на нејзиниот прв јавен настап.
Оттогаш, нејзините јавни активности се фокусирани на воени настани.
Севернокорејските државни медиуми почнаа да ја нарекуваат „почитуваната“ ќерка Ким Џу Ае, наместо неговата сакана или најомилена ќерка, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде наследничка на диктаторот.
„Врз основа на анализата на нејзините јавни активности и нивото на почит од моментот на нејзиното појавување во јавноста, се чини дека Ким Џу Ае најверојатно ќе биде наследничка“, изјави Чо Тае Јонг.
Сепак, тој вели дека ги остава отворени сите опции кога станува збор за наследување на власта во Северна Кореја, бидејќи сегашниот лидер на Северна Кореја е сè уште млад и очигледно нема здравствени проблеми и има други роднини кои би можеле да го наследат.
Јужнокорејската разузнавачка агенција претходно соопшти дека е „премногу рано“ да се каже дали Ким Џу Ае би можела да биде наследничка на Ким Џонг Ун бидејќи Северна Кореја е патријархално општество во кое доминираат мажи.
Чо Тае Јонг исто така вели дека се верува дека Ким Џонг Ун има уште едно дете чиј пол не е познат.