Ќерката на Мик Џегер уапсена на Ибица – била ‘мртва’ пијана и нападнала дел од персонал на ресторанот, а потоа и полицијата

Британската дизајнерка на накит и ќерка на легендарниот член од групата „Rolling Stone“ Мик Џегер, Џејд Џегер (51 г.) е уапсена на Ибица поради наводен напад на полицаец кој се обидувал да посредува во кавга во ресторан, објавуваат шпанските медиуми.

Џејд Џегер била на вечера со пријател (31 г.) во градот, а потоа во еден момент станале агресивни и насилни кон вработените во ресторанот.

Џејд Џегер, која е ќерка на ѕвездата од „Rolling Stone“ од неговата прва сопруга Бјанка, наводно била видно пијана. Нејзиниот неименуван пријател наводно почнал да вика, да ги навредува и да им се заканува на вработените во ресторанот пред да биде повикана полицијата на местото на настанот.

Набрзо пристигнала и полицијата која се обидела да ја смири ситуацијата со тоа што и кажала да престанат да викаат. Но, мажот потоа наводно почнал да ги напаѓа полицајците, туркајќи ги, а потоа викајќи им – „Расисти!

Џејд Џегер тогаш наводно излегла од ресторанот и им викала на полицајците „глупава полиција“ и „ебете се!“, пред да ја нападне полицаецот и да почне да ја турка и фаќа.

Полицијата успеала да ја задржи и ја однела во станица. Таа и нејзиниот пријател се уапсени и денеска треба да се појават на суд.