Ќерката на Чарли Шин покажа како изгледала пред интервенциите: „Фала му на Бога за филерите и операциите“

21-годишната ќерка на Дениз Ричардс и Чарли Шин, Сами Шин, на Инстаграм откри сите козметички процедури што ги имала, а листата е доста долга.

Споделувајќи фотографии „пред“ и „потоа“, таа ја покажа својата трансформација. Откри како ги правела сите овие процедури во текот на седум години и му се заблагодарила на Бога за тоа.

„Со разлика од седум години… фала му на Бога за екстензиите за коса, филери за усни, операција на гради, операција на нос, бодиња и филтерот Kiss 2 на FaceApp“, напиша таа.

Сами, која стана едно од најпрепознатливите лица на OnlyFans, никогаш не ги криела своите процедури.

Порано оваа година, таа рече: „Изгледа дека изнервирав многу луѓе со мојата операција на нос, па помислив дека ќе изнервирам уште повеќе луѓе ако ви кажам за сите операции што сум ги имала“.

Нејзината трансформација вклучува филери за усни (за прв пат на 18-годишна возраст, а сега ги корегира годишно), импланти за гради, две операции на нос, навлаки за коса и екстензии за коса.

Таа исто така рекла дека научила што не треба да прави: „Вбризгував ботокс во челото и го мразев тоа“.

„Всушност го инјектирав за да ги подигнам веѓите, но направи сосема спротивното. Ми го направи целото лице потешко… изгледаше ужасно“, рекла таа.

Таа исто така призна дека го оставила да се раствори природно и оттогаш не го инјектирала.