Ќерката чини 3.000 евра! Таткото кој го продаде своето дете на пријател ја шокираше полицијата кога го уапсија, еве што им порача! (ФОТО)
Полицијата во Брус кај Крушевац уапсила 44-годишен маж осомничен дека ја продал ќерката која имала 13 години на познаник од Бојник кој имал 47 години.
Несреќната девојка била пронајдена завчера во куќата на Бојан и’ била преземена од работниците на Центарот за социјална работа.
Освен таткото на девојчето, уапсен е и нејзиниот купувач, па и двајцата ќе одговараат за кривичното дело Трговија со луѓе. И двајцата и’ се познати на полицијата, таткото на девојчето, најмногу за насилство, а против купувачот на девојчето е поднесена кривична пријава за фалсификување на резултати од гласање?!?
Според неофицијални сознанија од истрагата, се работи за договорен брак.
– Таткото на девојчето е проблематичен, алкохоличар и склон кон кавги. Пред извесно време ја принудил ќерка си да се омажи за многу постар негов познаник. Тој го известил дека неговата ќерка чини 3.000 евра, а тој му ги предал парите и несреќното дете го однел во својот дом во селото кај Бојник, рекол соговорникот.
Полицијата од Брус набрзо дознала дека таткото ја продал ќерката, па брзо било откриено кој е купувачот.
-Таткото веднаш е уапсен, а кај купувачот е испратена полициска патрола. Во неговата куќа била пронајдена продадена девојка, која била предадена во Центарот за социјална работа, а за сè е информиран Центарот за заштита на жртви на трговија со луѓе, забележува изворот.
-Беше арогантен, се однесуваше како да не направил ништо лошо. Тој тврдеше дека праведно ја платил невестата и дека е сосема нормално девојките да се мажат млади. Таткото се однесувал слично кога бил приведен од полицијата. И тој беше арогантен, рече дека може да прави што сака со ќерка му. Кај него биле пронајдени околу 1.000 евра од продажбата на девојчето и тие пари се одземени – рекол изворот.
По наредба на обвинителот, полицијата против нив поднесе кривична пријава за трговија со луѓе, за што им се заканува затворска казна од пет до 12 години.
-Таткото на девојчето има пријава во полициското досие за попречување на службено лице во вршење на службата, како и за напад со опасно орудие и загрозување на безбедноста. Купувачот на девојката е уапсен поради фалсификување изборни резултати и во досието нема други казнени дела – рекол изворот.
Што се однесува до девојчето, во наредниот период ќе и’ биде извршен детален лекарски преглед, за да се утврди дали била физички малтретирана. Со неа ќе разговараат стручни лица од Центарот за социјална работа и психолози.