Ќерка му помогнала на татко ѝ да ги убие мајка си и двајцата браќа? Тие верувале дека се опседнати од ѓавол: Биле соучесници и членови на религиозна секта

Ќерката на Џовани Барека, 54-годишен ѕидар од Палермо, кој призна дека ги убил сопругата и двата сина, наводно учествувала во масакрот и е обвинета за соучесништво во ова злосторство.

Таа е уапсена во вторникот, а претходно им кажала на властите дека семејството било убиено за време на ритуал на егзорцизам, пренесува Анса.

Барека во полиција признал дека во градот Алтавила Милиќ, кај Палермо, ги убил сопругата и двата сина на возраст од пет и 15 години, а во тој чин му помогнале две лица.

Сабрина Фина и Масимо Каранденте, исто така религиозни фанатици, беа уапсени откако Барека повикал полиција ноќта меѓу саботата и неделата по убиствата.

,,Моето име е Џовани Барека. Го убив целото семејство, дојдете да ме земете”, и’ рекол Барека на полицијата, која потоа го пронашла во Кастелдача, на неколку километри од местото на масакрот.

„Ѓаволот се криеше во мојата сопруга и моите две деца, затоа ги убив: тоа беше единственото нешто што можев да го направам“, рекол убиецот при неговото апсење, пренесува Италија24.Убиство на Палермо, Џовани Барека, Антонела Саламоне

Постои сомневање дека парот од Палермо можеби го охрабрил Барека да го убие своето семејство за да ја „ослободи куќата од демоните“, но дека и тие учествувале во масакрот.

Се верува дека тројцата осомничени се сретнале за време на молитва во евангелистичка црква.

Карабинерите во семејната куќа пронашле тела на две деца, кои најверојатно биле задавени.

Едното тело било во синџири, а јагленосаните останки на неговата сопруга биле пронајдени закопани во близина.

Според првите анализи, децата биле убиени во ноќта меѓу петокот и саботата, а нивната мајка неколку дена пред тоа.

Полицијата успеала да им влезе во трага на осомничените соучесници со анализа на телефонот на Барека и врз основа на сведочењата на локалните жители.