Ќерките на Наташа Беквалац и Здравко Чолиќ, Хана Икодиновиќ и Лара Чолиќ, на својата инстаграм стори објавија заедничка фотографија, направена додека излегувале од еден елитен ресторан во Белград.
Според српските медиуми, Хана Икодиновиќ и Лара Чолиќ присуствувале на настапот на српската пејачка Тања Савиќ, а вниманието го привлекле со своите модни избори. За оваа пригода, Хана избрала елегантен фустан во боја на кожа со прорезови околу половината, додека Лара носела краток црн фустан.

Позирајќи на фотографијата, Хана Икодиновиќ и Лара Чолиќ беа видливо расположени, насмеани и опуштени.
Исто така, Хана неодамна заврши средно училиште, а според српските медиуми, таа ќе го продолжи своето образование во Шпанија. По тој повод, на матурската забава, пејачката Наташа Беквалац беше видена во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Данило Икодиновиќ, што беше нивна прва заедничка јавна средба по долго време.
Јавноста многу малку знае за Лара Чолиќ, бидејќи таа ретко се појавува во медиумите и генерално избегнува јавни појавувања. Според српските медиуми, таа неодамна била во врска со синот на сопственикот на синџир теретани во Србија.