“ЌЕ БАРАМЕ ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН“ – Александар Вучиќ вели дека се “нападнати“ се сите српски “енклави“ и побара реакции од западните партнери

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од „Палатата Србија“ се обрати до јавноста и зборуваше за сите актуелни и важни теми за граѓаните на Србија.

На почетокот на обраќањето, тој ги запозна граѓаните со состојбите на Косово и Метохија, и посочи дека одлуката за укинување на динарот ја донел Албин Курти самоиницијативно со цел етничко чистење на српското население од Косово.

Александар Вучиќ најави и дека Србија ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради едностраниот потег на Косово да го укине динарот.

Александар Вучиќ
Александар Вучиќ

На прашањето како ја коментира изјавата на Џеваљ Свечља дека е неопходно да се градат албански куќи на северот на Косово, Александар Вучиќ порача дека – „Србија ќе победи“.

Запамтете ја мојата реченица – Србија ќе победи“, нагласи Александар Вучиќ.

Албин Курти и Џеваљ Свечља и сите други кои мислат да ги постигнат своите политички цели преку терор треба да знаат дека и покрај тежината на ситуацијата што постои од 60-тите и 70-тите години, ние ќе ги реализираме нашите витални и национални интереси со мудра политика, со наша сила и чекајќи ги вистинските моменти. Ми се допаѓа кога некој се чувствува моќен и силен и дека може се… Подобро е така, а ние треба да бидеме внимателни и одговорни. Ви кажав дека сите овие што вложија стотици милиони евра никогаш нема да ме победат, сега ви кажувам и сетете се на мојата реченица – Србија ќе победи“, вели Александар Вучиќ.