„Ален ме направи ѕвезда“ Маја Беровиќ искрено за сопругот кој ѝ помогна на почетокот на кариерата: Да не беше тој…! (фото)

Маја Беровиќ откри дека сè што има му должи на сопругот Ален, кој верувал во неа и вложил пари кои им се вратиле повеќекратно.

„На почетокот на кариерата немав пари, а да не беше Ален немаше да бидам тоа што сум денес“, изјави пејачката и продолжи:

“Благодарение на него станав тоа што сум денес. Ален ме направи ѕвезда”, изјави пејачката, а потоа откри како сопругот сè уште и’ помага финансиски:

“Ми помогна многу на почетокот на кариерата, бидејќи го плати мојот прв албум! Секој дeнар што го вложивме, подоцна ни се врати. Повторно, сè што заработивме, реинвестиравме во нови песни. Ален и јас имаме една сметка, една куќа. Не сме богати луѓе, живееме сосема нормален и обичен живот, немаме јахти, немаме луксуз…“ заклучи Маја.