,,Скоро бев полнолетна а ние страсно се љубевме!” Бритни Спирс ги откри деталите од бурната ноќ со овој холивудски заводник (ФОТО)

Популарната пејачка раскажа многу за своето минато во мемоарите „Жената во мене“, но дури сега се присети на една возбудлива вечер.

Поп-пејачката Бритни Спирс (42) изминативе години постојано нè изненадyва со признанија за кариерата, семејството и односите со други познати личности, а сега се сети на нешто што не заврши во нејзината автобиографија.

Таа сподели стара фотографија на Инстаграм на која позира со текстописецот Дајан Ворен и холивудскиот актер Бен Афлек, црно-бел портрет каде се сеќава како ја поминала таа вечер.

Бен Афлек, Торонто

– Прекрасна фотографија од мене со Бен Афлек и Дајан Ворен од пред многу години – напиша Бритни покрај фотографијата која подоцна ја избриша.

 – Тој е толку неверојатен актер. Заборавив да спомнам дека јас и Бен се бакнавме таа вечер? Искрено, заборавив… По ѓаволите, тоа беше лудо!!! Би сакала да можам да ви ја раскажам приказната за тоа што се случило пред тоа!!! О боже, се однесувам како озборувач.

Според NY Post, се верува дека оваа фотографија е направена во 1999 година, а ПР тимот на Бен допрва треба да одговори на прашањата од медиумите за тврдењата на Бритни.

Во тоа време, Бритни имаше 18, а Афлек 27.

Овие тврдења се појавија откако поранешните љубовници на Бритни Спирс повторно беа во очите на јавноста, бидејќи нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк изјави на концертот пред да ја изведе песната Cry Me a River и’ ја посветил по раскинувањето.

Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк

Обожавателите на Бритни постојано го обвинуваа Џастин дека ја малтретирал пејачката, а тој во еден момент дури објави и соопштение во кое се извини за грешките од минатото.

Самата Бритни неодамна на Инстаграм истакна дека „се извинува за некои работи што ги напишала во книгата“.

– Ако сум навредила некој од луѓето за кои искрено се грижам, навистина ми е жал – истакна таа.