Вашингтон потврди дека американската армија извршила нови напади врз Хутите во Јемен

– Американската војска денеска потврди дека синоќа извршила нови напади врз позициите на бунтовниците Хути во Јемен, кои, според Вашингтон, се подготвувале да истрелаат повеќе ракети врз бродови во Црвеното Море.

Како што соопшти американската воена команда за Блискиот Исток (Центком), синоќа во 21 часот по локално време американските сили извршија самоодбранбени напади врз два мобилни системи за противбродски ракети подготвени за лансирање на бродови во Црвеното Море. 

Во 23:30 часот според времето во Сана, силите на Центком извршија втор напад со мобилен крстосувачки ракетен систем земја-земја подготвен за лансирање.

„Центком ги идентификуваше тие проектили во областите на Јемен контролирани од Хутите и утврди дека тие претставуваат непосредна опасност за бродовите на американската морнарица и трговските бродови во регионот“, се вели во соопштението.

Од ноември, Хутите велат дека гаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив за кои веруваат дека се насочени кон Израел во знак на „солидарност“ со Палестинците во Појасот Газа, каде што што се води војната меѓу израелската војска и палестинското Исламистичкото движење Хамас.