Се разведе бабата која беше омажена за 46 години помлад Еѓипќанец: Цел свет слушна за нивните ,,игри под јорганот” но сега е готово! (видео)

Ајрис Џонс, 83-годишната Англичанка која се најде на насловните страници низ светот поради врската со 46 години помладиот Египќанец, откри дека е готово.

Ајрис го шокираше светот кога излезе во јавноста со Мохамед Ахмед Ибрихам и отворено зборуваше за нивните ,,диви ноќи” и ,,игри под чаршафите”. Тие се запознале на Фејсбук во 2019 година во група за атеисти, а Ајрис отпатувала во Египет за да се омажи за нејзиниот 46 години помлад партнер.

Тие се венчаа во локалниот KFC и нивната иднина изгледаше светла. Двојката негираше дека нивната венчавка била обид да му се помогне на Ибрахим британски пасош и дека тие се вистински заљубени.

Бабата еднаш изјави:

– Никогаш не очекував дека ќе се заљубам во некој 46 години помлад, но се случи. Сакав сè во врска со тоа. Но, тоа стана напорна работа. Имавме одличен сексуален живот, но тогаш наместо да водиме љубов, постојано се каравме за сè и сешто. Не можам со тоа. Јас не сум заљубена тинејџерка. Имам 83 години.

Мохамед го напуштил нивниот дом, а Ајрис ја зела својата мачка, само неколку дена подоцна. Таа рече дека Таби е „совршено друштво“ сега кога повторно е сингл.

– Никогаш не се жали, многу е тивок и убав за гледање – го обожавам. И тој е многу среќен овде и не прави хаос – објасни таа за „Closer“.

Но, кога ја прашале како се чувствува поради завршувањето на нивниот брак, Ајрис не се воздржувала.

– Мохамед воопшто не ми недостасува, она што најмногу ме изнервира кога си замина е тоа што ми ги изеде темпура ракчињата што планирав да ги јадам таа вечер – открила таа.