ВИДЕО | СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ФЛОРИДА – Авион се урна врз населени куќи: Штетата е огромна, а има и неколку загинати

Неколку луѓе загинаа кога мал авион удри во комплекс за мобилни куќи во Флорида, САД.

Авионот Beechraft Bonanza V35 паднал врз населбата ноќта меѓу четвртокот и петокот. Прво се запалила една куќа, а пожарот се проширил на уште три, пренесуваат тамошните медиуми.

Спасувачките служби ги пронашле остатоците од авионот, а пожарникарите потврдиле дека неколку луѓе загинале во авионот и во куќата каде што се урнал. Засега не се знае колку се повредени.

Познато е дека пилотот пријавил дефект на моторот пред падот.

Можам да потврдам дека неколку луѓе загинаа од авионот и во куќата. Работиме на тоа да спречиме поголема штета и повреди“, изјавил првиот човек на противпожарната служба Скот Елерс.