Пронајдена мртва позната пејачка и учесничка на „Парови“ (фото)

Поранешната учесничка на „Парови“ Вољенка Илиќ (51) била пронајдена мртва во базенот од својата куќа во Кабаре, во Доминиканската Република, пренесува српски „Блиц“.

Вољенка Илиќ беше учесник во седмата сезона на „Парови“. Таа беше многу популарна и во деведесетите како танчерка и пејачка, а нејзин идол беше Ксенија Пајчин, на која дури и” наликуваше.

Вољенка Илиќ е родена во Белград, каде што се прослави во 90-тите.

Покрај кариерата како модел, Вољенка Илиќ беше и многу позната денс пејачка и танчерка, чии хитови „Just dance“, „Jednom se voli“ и „Voljena“ се најдоа меѓу хитовите на плејлистите на бројни клубови и дискотеки.

Вољенка помина осум месеци во седмата сезона на „Парови“. Во реалното шоу таа се покажа како вистинска дама која беше многу елоквентна, културна и жена која има што да каже. Таа не се двоумела да зборува за нејзиниот приватен и љубовен живот кој бил многу бурен.

Нејзината животна исповед ги привлече гледачите на малите екрани. Некои од нејзините луѓе со кои била во љубовна врска, додека беше во реалното шоу, беа во доживотен затвор.

– Добро утро добри луѓе, Господ да ве чува – гласеше нејзината последна објава на социјалните мрежи.