Ќе бидете послаби и побогати: Експерт го открива рецептот за долг живот – стогодишните го прават истото
Ден Бутнер (63) поминал децении проучувајќи ги познатите „Сини зони“ во кои живеат најдолговечните луѓе на земјата. Во прашање се Барбадија на островот Сардинија во Италија, Окинава во Јапонија, градот Лома Линда во Калифорнија, Икарија во Грција и полуостровот Никоја во Костарика.
Тој за „Бизнис инсајдер“ зборуваше за неколку мали, но важни чекори кои секој може да ги преземе во 2024 година за подолг и поздрав живот. Обично со Новата година доаѓаат и некои нови решенија, иако според него, многу луѓе не се држат до новогодишните одлуки повеќе од неколку недели – особено кога станува збор за започнување нова диета.
Затоа тој предложи наместо да ја менувате исхраната и менито, да одберете еден ден во неделата да готвите три оброци од растителна основа. За што се работи? Тој истакна дека домашните оброци се многу поздрави од храната што ја јадете „на улица“ или преку испорака. Патем, Ден смета дека секојпат кога јадете надвор внесувате 300 дополнителни калории.
„Наместо идејата „одам на диета за слабеење“, која никогаш не функционира, еден ден во неделата во јануари згответе здрава храна со вашето семејство“, препорача тој и продолжи: „На крајот на месецот, вие ќе постигнете три работи: способност да готвите 12 оброци, ќе знаете како и ќе имате искуство да ги вкусите“, продолжи тој.
На овој начин ќе создадете здрава навика и ќе сакате сè почесто да готвите и експериментирате со јадења дома. Тоа исто така ќе ви заштеди пари. Конечно, експертот изјави за публикацијата дека клучот за долговечноста е да се запамети дека не постои „краткорочно решение“. Движете се повеќе, не мора да одите до продавница со автомобил, само пешачете. Редовниот и квалитетен сон е исто така важен, како и социјалниот живот. Дружете се, смејте се и сакајте!