Божиќно послание на митрополит Повардарски Агатангел

– Митрополитот Повардарски Агатангел во пресрет на Христов ото раѓање – Божиќ го упати своето традиционално Божиќно послание обраќајќи им се на православните верници со зборовите „да го возвишиме својот ум и разум, да се очистиме и да ја претвориме нашата внатрешност во удобно уреден дом во кој ќе ја примиме небесната светлина која води во богопознание“.

-Овој празник нека им биде одмор од секоја неволја. Нека ни биде почеток на радоста која никогаш не престанува. Нека ја подигне Господ Својата света десница и нека го благослови македонскиот народ, нека ја крепи и заштитува нашата земја и нашата духовна мајка – Македонската православна црква – Охридска архиепископија,порача Митрополитот Агатангел.

Господ Исус Христос, порачува митрополиот Агатангел, нека им биде верен сопатник на сите оние кои минуваат низ тешкиот лавиринт на животните искушенија.

-На сите оние што страдаат и боледуваат нека им помогне нашата заедничка молитва.

На крај од посланието заврши со традиционалниот поздрав за Божиќ, Христос се роди, навистина се роди!.