Денес цел свет гледа во овој човек: Роберт Фицо проговори по победата, еве што кажа за Украина

Роберт Фицо, чија партија SMER-SSD победи на вчерашните парламентарни избори во Словачка, рече дека земјата има поголеми проблеми отколку „да и’ помогне на Украина“ и дека ќе стори сé што може за да започне мировни преговори, додавајќи дека неговата позиција останува непроменета.

„Ние веруваме дека Украина е огромна трагедија за сите”, рече тој.

Роберт Фицо, трикратен премиер, за време на кампањата се залагаше за прекин на воената помош за Украина. Тој денеска нагласи дека е подготвен да и’ помогне на Украина во хуманитарни прашања или реконструкција, но дека ставот за оружјето е познат и непроменет.

Tој рече и дека насоката на надворешната политика на Словачка нема да се промени, но дека тоа не значи дека „не можеме да бидеме критични за некои прашања“.

Тој рече дека ќе чека претседателот да му даде мандат за формирање нова влада, проценувајќи дека коалициските преговори би можеле да траат најмалку две недели.

Неговата партија доби 23 отсто од гласовите, пред ,,Прогресивна Словачка” со 18 отсто.