“ЌЕ ВИДАТ ШТО Е ТОА ОДМАЗДА!“ – Рамзан Кадиров ‘збесна’ по нападот на Москва и порача: “Воведување вонредна состојба во Русија!“
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, смета дека во Русија треба да се прогласи вонредна состојба по нападот со беспилотни летала врз Москва, објави тој на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
„Верувам дека е неопходно да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства наменети за тоа за да се исчисти целата оваа терористичка ќелија одеднаш. Мислам дека термините украинска армија и украински политичари не треба да бидат користени, но наместо тоа – само терористи“, напишал Рамзан Кадиров.
Тој додал дека нападот со беспилотни летала врз Москва нема никакво тактичко, стратешко, па дури и психолошко значење и дека тоа го разбираат обучените за воени работи.
„Конфликтот се одвива на сосема друго место… Одговорите на таквите напади треба да бидат жестоки. Ние ги штитиме нашите граѓани и нема потреба да се смируваме и да попуштаме“, нагласил тој во својата објава.
Тој додал дека украинските власти го користат омилениот метод на терористите „кукавички да напуштат позиции и да избегнуваат отворена фер борба“ со издавање наредби за напад на цивилна инфраструктура.
„Наскоро во зоната ќе покажеме што значи одмазда во вистинска смисла на зборот“, предупредил тој.