Ќе му наплати сè со камата: Тајниот план на Бјанка Ценсори за разводот од Канје Вест се појави на површина! (фото)

Додека Канје Вест поминува низ хаотичен период полн со скандали, откажани договори и сомнителни трошоци, неговата сопруга Бјанка Ценсори наводно тивко го гради своето богатство – благодарение на неговите ексцеси.

Според RadarOnline.com, Бјанка е добро наградена за нејзиното учество во бизарните јавни појавувања кои станаа заштитен знак на нејзиниот брак со раперот.

Бјанка и Канје Вест принтскрин на фотографии Instagram KanyeWest 1.jpg

Се вели дека Канје добива околу 250.000 долари по настап, вклучувајќи го и познатиот „бакнеж со јазик на сцената“ на забава во Јужна Кореја, пред еден од неговите концерти.

– Ја натерал да прави тие луди работи и ѝ платил огромни пари за тоа. За него, тоа е врвна игра за моќ, а таа се збогатува благодарение на неговите фетиши – открил изворот.

Тајна финансиска резерва

За разлика од Канје, Бјанка не ги троши добиените суми – напротив, таа внимателно штеди и се подготвува за живот по разводот.

– Таа е многу паметна и сè става настрана. Се шпекулира дека таа веќе има околу 10 милиони долари, можеби и повеќе. Тој верува дека го заслужува тоа, бидејќи сето ова е цената што ја плаќа за својата лудост – наведува истиот извор.

Поранешниот архитект на брендот Yeezy наводно ја гледа својата сегашна ситуација не само како можност за внимание од јавноста, туку и како отскочна даска за нова кариера.

Канје на работ на финансиски колапс

Додека Бјанка стекнува богатство, финансиските проблеми на Вест се продлабочуваат. Раперот, кој сега има 48 години, веќе е забранет во неколку земји поради неговите контроверзни изјави, што го остава без значителен приход од неговите настапи.

Во исто време, тој остана без профитабилни договори, неговите инвестиции во недвижности пропаднаа, додека неговата екстраваганција не стивнуваше.

– Проблемот е што на Канје му снемува готовина. Ова може да заврши катастрофално – тврди инсајдер.

Тој неодамна го стави на продажба својот стан во Калабасас, кој го наследи по разводот од Ким Кардашијан во 2022 година, за помалку од 3 милиони долари – што упатените го нарекуваат „ситница“ во споредба со долгот што го има.

Извештаите сугерираат дека тие долгови се движат во милиони и вклучуваат неплатени даноци на имот и казни.

Бјанка – единствената што профитира

Досега, стратегијата на Бјанка се исплати. Додека империјата на Канје се урива под товарот на контроверзиите и долговите, таа наводно гради своја финансиска сигурност и го подготвува теренот за независност.

– Единствената што се појавува како вистински победник во оваа приказна е Бјанка – заклучува изворот.