“ЌЕ НАПРАВИМЕ СЕ ЗА ДА ИМА ВЛАДА“ – Роберт Фицо доби мандат и рок од две недели за владини преговори

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутов, денес му го довери мандатот за формирање Влада на Роберт Фицо, чија партија СМЕР-словачка социјалдемократија (СМЕР-ССД) освои најмногу гласови на парламентарните избори, но недоволно за да има мнозинство во парламентот. 

По средбата со Зузана Чапутов, Роберт Фицо на новинарите им изјави дека добил рок од две недели да ги заврши преговорите за формирање коалициска Влада, пренесуваат странските медиуми.

Тоа нема да биде лесен процес, но ќе направиме се за да има Влада“, порача Роберт Фицо

Партијата на Роберт Фицо, Смер-ССД освои речиси 23 отсто од гласовите на изборите одржани минатиот викенд, додека второпласираната Прогресивна Словачка (ПС) освои речиси 18 отсто од гласовите. 

Победата на партијата Смер-ССД претставува политичко враќање на проруската и антиамериканската политика, оценуваат американските медиуми.