ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕНА! Најхраброто издание на црвениот тепих досега: Познатата трансродова актерка сите ја гледаа со стравопочит (фото)
Ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“, Хантер Шафер, никогаш не е разочарала со своето појавување на црвениот тепих, а овој пат со своето уникатно издание на овогодинешните Оскари не остави никого рамнодушен.
Оваа 24-годишна трансродова актерка се одлучи за комбинација со која ќе остане запаметена. Имено, таа се осмели да се разголи и да ги покрие само најинтимните делови од градите со тенко бело пердувче кое околу телото го држеше само тесна бела лента, а носеше и долго свилено здолниште.
Актерката, која е позната по својот авангарден стил на облекување, самоуверено позираше пред камерите додека гостите ја гледаа со стравопочит.
Во однос на шминката, Хантер се одлучи за природен изглед со минимална шминка, што придонесе повеќе за мистичниот впечаток што таа го остава.
Да потсетиме дека Хантер ја започна својата кариера како модел, работејќи за познати брендови како Tommy Hilfiger, Calvin Klein и Teen Vogue, кои ја вклучија во својата листа „21 под 21“ во 2017 година. Наскоро таа почна да глуми, добивајќи ја својата прва улога во хит серијата на HBO „Еуфорија“ во 2019 година.