Ќе плачете од смеа! Куче се плаши од пајаци, еве што прави секогаш кога ќе види

Сопственикот објави видео од својот миленик, кој кога ќе види пајак во куќата оди во своето безбедно скривалиште – туш кабината.

Еден човек од Питсбург, Пенсилванија открил дека неговото тригодишно домашно милениче куче Буба многу се плаши од пајаци. Тој објави видео на кое се гледа како неговото куче се крие под туш секогаш кога ќе види пајак. 

@bubbathegoldenboy whats the most absurd thing your dog is scared of? 😂 #dogsoftiktok #dog #goldendoodle #dogdad #funnydog ♬ som original – 𝘼𝙡𝙤𝙣𝙚

 Бубата многу се плаши од пајаци. Секој пат кога случајно ќе налета на пајак во куќата, се крие во туш кабината  – објаснил мажот. 

 – Тој всушност се плаши од се. Неговите реакции ме насмеаа во последните три години, па претпоставував дека и на луѓето на мрежите ќе им биде забавна неговата реакција на пајакот  – додал сопственикот на шармантното куче.

Видеото што го објави имаше над 2,5 милиони лајкови на TikTok и 812 коментари.

„Кутрото, тој е премногу сладок“, „Имам и јас куче Бубу што се плаши од се“, „И јас би се скрил под туш да видам пајак“, „Моето куче се плаши од муви“, Буба е убава“ , беа само дел од коментарите.