“ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДО СМРТ!“ – Еден од најблиските луѓе на Владимир Путин конечно се огласи: “Многу е едноставно зошто дозволивме Вагнер да дојде на 200 километри од Москва“
Еден од најблиските соработници на претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека бунтовниците од Вагнер успеале толку брзо да напредуваат кон Москва бидејќи силите лојални на државата се фокусирале на зајакнување на одбраната на главниот град.
Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го започна вооружениот бунт, да потсетиме, изјави дека во саботата неговите борци марширале 780 километри за еден ден и дека пристигнале на само 200 километри од Москва.
Евгениј Пригожин кампањата ја нарече „мајсторска класа“ и изјави дека вака руската армија треба да ја води војната во Украина.
Виктор Золотов, близок соработник на Владимир Путин и прв човек на Националната гарда, сепак, има поинаков поглед на настаните од тој ден.
„Работата е едноставна. Ја концентриравме целата наша сила во Москва“, објаснува Виктор Золотов, кој беше прв човек на претседателските телохранители од 2000 до 2013 година и често беше забележуван како носи автоматско оружје за да го заштити Владимир Путин на опасните патувања.
Виктор Золотов, кој има 69 години, тврди дека бил во постојан контакт со Владимир Путин во петокот и саботата. Тој наведува и дека Националната гарда во иднина ќе биде опремена со тешко вооружување и тенкови откако морала да се подготви за одбрана на главниот град на Русија од борците на Вагнер.
Националната гарда, која брои повеќе од 340.000 членови, беше формирана во 2016 година за да обезбеди ред и мир заедно со полицијата и безбедносните служби.
Виктор Золотов, кој стоеше покрај поранешниот претседател Борис Елцин на тенк како телохранител додека го водеше отпорот кон обидот за државен удар во 1991 година на т.н. тврдоглави против тогашниот советски претседател Михаил Горбачов, вели дека неговите луѓе се подготвени да се борат до смрт за да се одбранат државата.
„Сите ќе стојат до смрт“, нагласува Виктор Золотов.