Експерти на Меѓународниот монетарен фонд предвидуваат зголемување на цената на пченицата поради војната во Украина.
Напуштањето на Русија од договорот за транспорт на украинската пченица се очекува да има директно влијание врз цената на житариците.
Главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, Пјер-Оливи Геренча, предвидува пораст на цената на производите, во случај повеќето земји да не преземат алтернативни мерки и да не го отворат поморскиот пат за украинското жито.
Претставникот на ММФ вели дека Украина произведува значително количество пченица и ги снабдува главните пазари во светот.
„Суспендирањето на договорот за извоз на пченица од Украина ќе влијае на поскапувањето. Сè уште правиме прогнози за тоа како ќе се зголемат цените, но сметаме дека цената на житариците ќе се зголеми за 10 до 15 проценти на глобално ниво“, изјави Пјер Оливи Геренша.
Состојбата со цените на храната се очекува да се влоши по одлуката на друга земја извозник. Индија најави дека ќе ги намали залихите на ориз за 40 отсто. Таквата одлука има непосредни ефекти на американскиот и азискиот пазар. Индија обезбедува 40% од глобалниот пазар со ориз.